Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда забележа убедлива победа над Уникс Казан 83-65 (10-14, 30-17, 17-18, 26-16) во претпоследната рунда од регуларниот дел во Евролигата.


„Црвено белите“ натпреварот го почнаа во грч и првата четвртина ја загубија со (14-10). Домашниот состав се разбуди во вториот период во кој постигна 30 кошеви и го сврте резултатот во своја полза (40-31).

Гостите од Русија во третиот период негативата ја намалија за еден поен, а сите дилеми домаќините ги решија во последниот период кој го добија со двоцифрен (26-16) за конечни 83-65.


Овој триумф е најава за мечот на сезоната кој Црвена Ѕвезда ќе го одигра во Истанбул против составот на Дарушафака. Победникот од тој дуел ќе ги заокружи учесниците во ТОП 8 фазата во Евролигата.

OhridNews