Кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја забележаа највисоката победа сезонава во Евролигата, совладувајќи го составот на Макаби Тел Авив со 83-58 (19-14, 23-10, 23-18, 18-16) на домашен терен.


„Црвено белите“ на крилата од брилијатната публика и атмосфера ги „здробија“ противниците кои мечот го започнаа со победа повеќе на табелата.

Пулените на Дејан Радоњиќ ги добија сите период во текот на натпреварот, а гостите во финишот ја намалија разликата која достигна 31 поен на семафорот.

Црвена Ѕвезда има скор од 5 победи и 7 порази и се наоѓа на 10-та позиција, на последната осма позиција која води во разигрувањето е Анадолу Ефес со половичен успех после 12 мечеви (6-6).

Резултати: Уникс Казан – Басконија 91-92, Дарушафака – Реал Мадрид 81-68, Жалгирис – Олимпијакос 75-88, Црвена Ѕвезда – Макаби Тел Авив 83-58, Броуз Баскет – Анадолу Ефес 91-83.

OhridNews