Кошаркарите на Црвена Звезда забележа голема победа во Евролигата совладувајќи го составот на Реал Мадрид (82-70) пред своите гледачи.
„Црвено белите“, на крилата од навивачите доминатно добивајќи ги сите четири периоди (20-19, 23-16, 19-16, 20-19) запишаа многу важна победа во трката за местата кои водат во нокаут фазата.
Со овој триумф пулените на Дејан Радоњиќ покажаа дека мечот со Макаби на кој претрпеа пораз, бил само лош ден и нишо повеќе.
Се им одеше од рака на домаќините и на крајот популарните „кралеви“ од Мадрид мораа да им пуштат рака на своите противници.
Црвена Звезда има вкупен скор од шест победи и осум порази, додека Реал Мадрид девет победи и пет порази.
Резултати: Галатасарај – Анадолу Ефес 76-86, Жалгирис – Уникаха 80-88, Црвена Ѕвезда – Реал Мадрид 82-70, Броуз Баскет – Олимпијакос 82-68.
OhridNews