Кошаркарите на Црвена Ѕвезда забележаа сензационална победа над Панатинаикос 74-63 (16-14, 22-20, 16-14, 20-15) во третата рунда од втората фаза во Евролигата.
„Црвено белите“ одбраа вистински момент да го одиграат најдобриот натпревар сезонава во Евролигата, што им донесе прва радоста во втората фаза и нова шанса за нешто повеќе во групата.
Гостите од Белград ја контролираа играта и резултатот во текот на целиот натпревар. Сите четвртини им припаднаа на „делиите“ и во ниту еден момент „детелините“ не ја загрозија предноста.
Победничката серија во третата рунда ја продолжи Фенербахче со триумфот над Локомотив Кјубан пред своите гледачи со 85-79.
Перо Антиќ настапи 20 минути во кој реализираше осум поени. Најпрецизен со 18 кошеви беше српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ.
Мх.П.











