Кошаркарите на Црвена Ѕвезда втора сезона по ред обезбедија пласман во 16-те најдобри екипи на стариот континент откако во одлучувачкиот натпревар го совладаа Баерн Минхен со 85-76 (31-20, 13-20, 12-25, 29-11).


Во преполниот „Пионир“ домаќините беа на работ од бездната по негативата од (65-56) по истекот на третата четвртина.

Но, носени од публиката со неверојатна игра во последниот период „црвено белите“ не само што направија пресврт туку забележаа и убедлива победа 85-76.

Сите екипи учесници во втората фаза од Евролигата ќе се знаат по комплетирањето на последната десетта рунда од првата.

Мх.П.