Европскиот кошаркарски првак Макаби го положи оружјето во „Комбак Арената“ претрпувајќи пораз од Црвена Ѕвезда 85-76.


Домаќините носени од „црвено белата“ навивачка армија направија фантастичен пресврт во последниот квартал.

Кошаркарите на Ѕвезда постигнаа неверојатни 35 поени во четвртата , со што ја анулираа предноста на гостите од шест поени по третата четвртина.

Со трумф на Европскиот првак „црвено белите“ го прославија јубилејниот 70-ти роденден на кошаркарскиот клуб.

За актуелниот лидер во АБА лигата ова беше втора победа во најеминетното натпреварување, а Макаби го претрпе третиот пораз.

Ohridnews