Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва е првата екипа која обезбеди пласман на завршниот турнир во Евролигата елиминирајќи ја Црвена Ѕвезда со вкупни 3-0.


ЦСКА Москва со трет триумф (78-71) овој пат во преполната „Комбанк Арената“ ја „отрезна“ Црвена Ѕвезда која по подолго време се пласираше во ТОП 8 екипите.

„Црвено белите“ иако отпаднаа без победа против ЦСКА, сепак, не се посрамотија и му пружија достоен отпор на еден од главните фаворити за тронот сезонава.


Завршниот турнир од овогодинешната сезона во Евролигата е во Берлин, а за сега само ЦСКА Москва е сигурен патник.

OhridNews