Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва ја декласираше Црвена Ѕвезда во Белград совладувајќи ја со 85-59 (22-10, 22-17, 21-7, 20-25) во седмата рунда од Евролигата.
Кошаркарите на ЦСКА Москва од самиот почеток наметнаа темпо и не им оставија ниту малку простор на домашните кошаркари за игра. Таквата ситуација им донесе предност од +12 (22-10) по десет минути игра.
Во вториот период „црвено белите“ се разиграа, но во ист ритам продолжија и гостите кои го зголемија водството за дополнителни пет поени за (44-27) на полувремето.
Русите иако доминираа најдоброто од себе го покажаа во третата четвртина во која примија само 7 поени, а постигнаа 21 за уште поубедливо водство на семафорот.
Ротацијата во составот на ЦСКА Москва им дозволи на домашните кошаркари да ја добијат четвртата четвртина и да го ублажат поразот кој е најголем сезонава во елитатата.
Македонецот Перо Антиќ имаше 9 поени, а добар меч и покрај поразот имаа Тејлор Рочести (15 п) и Џејмс Фелдин (12п). Во тимот на ЦСКА Москва четири играчи завршија со двоцифрен учинок. Нандо де Коло реализираше 16 кошеви, Кајл Хајнс 13, Кори Хигинс еден помалку, а Серхио Родригез застана на 11 поени.
Покрај овој меч од вечерашните се одигра и дербито на колото помеѓу Фенербахче и Олимпијакос. Кошаркарите на Олимпијакос после продолжение од пет минути славеа голема победа 90-83.
OhridNews