Фенербахче мечевите во Лигата на Европа ги заврши во 1/8 финалето откако со вкупни (4-2) изгуби од португалскиот тим на Брага.


Турците за елиминацијата грмат по судијата Иван Бебек и неговите помошници кои имаа неколку сомнителни одлуки кои влијаеја на резултатот и конечниот исход.

Главниот судија престрого покажа на белата точка во 60-та минута за Брага и поради втор жолт картон го исклучи Мехмед Топал.

Фенербахче натпреварот во Португалија го заврши со осум фудбалери откако црвени картони подоцна добија Алпер Потук и Волкан Сен.


Турците најавија жалба од УЕФА која ќе има полни раце работа при прегледувањето на снимката на мечот под стадионите на „карпите“.

OhridNews