Кошаркарите на Фенербахче ја осигураа првата позиција во групата А победувајќи ја Црвена Ѕвезда со 79-61 во деветтата рунда од групната фаза во Евролигата.


„Црвено белите“ солидно им парираа на турските кошаркари кои првиот дел го завршија со позитива од два поени (39-37).

Во третиот и четвртиот квартал домаќините притиснаа гостите не најдоа начин да ги пратат и претрпеа убедлив пораз на крајот од мечот.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ против поранешниот свој клуб уфрли 12 кошеви за повеќе од 20 минути. Колку него постигна и Лујџи Датоме, а два помалку реализираше Богдан Богдановиќ.

Најпрецизен на натпреварот беше Марко Симоновиќ од гостинскиот состав со вкупно 15 поени.

Во последната десетта рунда од групната фаза во меѓусебен дуел Црвена Ѕвезда и Баерн Минхен ќе решаваат кој ќе продолжи понатаму во Евролигата.

Ohridnews