Кошаркарите на Жалгирис изедначија (1-1) во четвртфиналната серија со Фенербахче триумфирајќи во „Улкер Арената“ со 82-80 (20-21, 26-18, 27-19, 9-22) после голема борба и драма.

Малку фалеше, гостинските кошаркари да прокоцкаат предност од 15 поени и дома да си заминат со празни раце. Фенербахче во последниот квартал одигра маестрално во одбрана и успеа да се врати до егал 80-80. Жалгирис во претпоследниот напад реализираше, а Фенербахче испушти две прилики за три поени, кои ќе им донесоа победа.

На гостински триумф се израдува и составот на Басконија. Избраниците на Велимир Перасовиќ го совладаа тимот на ЦСКА во Москва со 78-68 и изедначија во серијата 1-1.

Следните мечеви се играат на терените од Басконија односно Жалгирис, а победник во серијата е тимот кој ќе стигне до три победи.

Резултати: ЦСКА Москва – Басконија 68-78 (1-1), Фенербахче – Жалгирис 80-82 (1-1)

OhridNews