Поранешниот ракометар на Охрид, Елдин Вражалица кој моментално настапува за Филипос Верија беше жив сведок на масовна тепачка на мечот меѓу неговиот клуб и екипата на Ривиера од Будва.


Немилите сцени во натпреварот кој се играше во рамките од Купот на ЕХФ се случија, откако ракометар на домаќините тргна физички да се пресметува со гостински по старт во игра.

 
Во мешаницата покрај ракометарите на теренот се приклучија играчите од клупата и членовите од стручните штабови. По смирување на страстите мечот продолжи, а пласман понатаму обезбедија грчките ракометари кои славеа со 28-26 иако на полувреме имаа негатива 15-10. 

OhridNews