Управата за јавни приходи денес изврши промоција на својата електронска услуга со која на граѓаните им се овозможува преку интернет да ја завршат својата обврска, односно годишната даночна пријава да ја поднесат по електронски пат.

Како што беше истакнато на промоцијата под мотото “Избери го полесниот пат”, на која присуствуваше и премиерот Никола Груевски, од 16-ти февруари, граѓаните ќе можат на etax.ujp.gov.mk да ги пријават приходите во УЈП.Оттаму потенцираат дека сигурноста, доверливоста на информациите и личните податоци ќе бидат обезбедени во целост.


-Оваа услуга во 2012 година, во оваа доба на Интернетот ќе ги намали гужвите, метежите и сите оние нервози што произлегуваат пред жолтата линија на шалтерите, истакна директорот на УЈП, Горан Трајковски.

За користење на е-даноци даночниот обврзник треба да поседува дигитален сертификат на USB токен, со што се обезбедува унифицираност на користење на електронските услуги.

Сертификатот чини околу 900 денари и важи за административните услуги во рок од една година.

OhridNews