Со новините во даночното работење, со кои се предвидува задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП, целосно се укинува досегашниот традиционален начин на поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата.
За ненавременото поднесување на електронската ДДВ-пријава во УЈП, предвидена е глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност.
Од УЈП очекуваат успешен старт на електронското пријавување на ДДВ преку е-Даноци и навремено исполнување на даночните обврски од страна на тримесечните обврзници, по примерот со големите компании за кои оваа обврска отпочна да важи од 1 јануари.