Во текот на денот, од „Електрани на Македонија“ соопштија дека нивото на Охридското Езеро е во безбедни граници, иако поради обилните врнежи од дожд и зголемените дотоци од топење на снегот, тоа постојано расте, пренесува „Миа“.
Според ЕЛЕМ, силниот ветер и разбрануваното езеро не треба да се поврзува со нивото на езерото и работатана хидроелектраните. Оттаму улажуваат дека внимателно се следи состојбата порастот на водостојот на езерата во земјава, а повеќе од едем месец се преземаат превентивни мерки за прифаќање на дотоците во водните басени.
„Со цел стабилизирање на порастот на акумулациите, АД „Електрани на Македонија“ направи соодветни прилагодувања на режимите на истекот на вода од хидроакумулациите, особено на истекот на Охридското Езеро и истекот од акумулацијата Шпилје. Со зголемена координирана работа на хидропотенцијалите и намалена испораката на електрична енергија од термопотенцијалите, воедно се обезбедува и испорака на потребните количини на електрична енергија во електро-енергетскиот систем на Република Македонија.“ – велат од ЕЛЕМ најавувајќи дека и понатаму се следи состојбата со водостоите во езерата .
Инаку, во моментов Охридското Езерот се наоѓа на 4 сантиметри над максимално дозволената кота.
OhridNews