Ohridnews неофицијално дознава дека градоначалникот Петрески и Локалната самоуправа денес треба официјално да се договорат со младите музички ѕвезди Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски околу нивен ангажман (концерт) во прославата на Нова година на Градски плоштад. Ако се оствари замислата, тогаш заедно со големото украсување на чаршијата и некои централни улици, би требало да се створи одличен „штимунг“ и прославата на Нова Година да го одбегне турбофолкерскиот имиџ. Но, за  тоа се „потребни“ и малку повеќе реклама и убаво време (да не врне).