Во женското финале на првиот Грен слем турнир оваа година, Аустралиан опен, што се одигра утрово во Мелбурн, родената русинка од Казахстан Елена Рибакина, ја совлада Арина Сабаленка од Белорусија со 2:1, по сетови: 6:4, 4:6 и 6:4.
Рибакина и Сабаленка одиграа возбудлив и неизвесен меч полн со пресврти. Откако ги поделија првите два сета, во одлучувачкиот трет сет подобро влезе Сабаленка која поведе со 3:0, но Рибакина пронајде ментална сила и начин како да го сврти мечот и да го освои престижниот трофеј.
За Рибакина ова е втора грен слем титиула во кариерата, прва во Австралија.
Во машкото финале што на програмата е утре, ќе се сретнат Карлос Алкараз од Шпанија и Новак Ѓоковиќ од Србија.
Г.М.













