Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас лесно може да се случи да се пресели во италијанската Серија А. Сериозен интерес за услугите на Елмас кој настапува во Фенербахче покажува Лацио.

„Лацијалите“, како што пренесуваат италијанските и турските медиуми подготвени се да испратат понуда од 15 милиони евра за Елмас кој спаѓа во еден од најталентираните млади фудбалери на европско тло.

Сезонава, Елмас е една малкуте светли точки на Фенербахче, бидејќи клубот бележи резултати под очекувањата во националниот шампионат.

19-годишниот фудбалер во Турција се пресели од Работнички кој заработи 180 000 евра од трансферот. Елмас има запишано пет настапи во најдобрата А репрезентација.

OhridNews