Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас е една од осумте звезди кои треба будно да се следат на Европското првенство, кое ќе започне на 11 јуни.

Името на Елмас се најде во анализата на „442“ магазинот. Претстижниот англиски магазин го издвојува триумфот над Германија во Дуисбург кога 21-годишниот Елмас го постигна погодок за победа 2-1 како најдобра илустрација за неговата важност во македонската репрезентација.

Друштво на Елмас во ѕвездите во подем му прават Фил Фоден (Англија), Ансу Фати (Шпанија), Дејан Кулушевски (Шведска), Моис Кин (Италија), Сандро Тонали (Италија), Рајан Гравенберг (Холандија), Доминик Слобослаи (Унгарија).

OhridNews