Елизабет Тејлор на почетокот на оваа седмица била примена во болница во Лос Анџелес поради внатрешни крварења, а се воспоставило и дека има срцеви проблеми. Имено, легендарната актерка ќе биде задржана во болницата поради срцевите проблеми. Таа на почетокот на 2009 година имала и операција на срцето.
Нејзините пријатели и семејството се благодарни на големата поддршка на обожавателите. Сепак бараат да се почитува нејзината приватност и да му се дозволи на нејзиниот лекарски тим да се фокусира на лечењето на актерката. Странските медиуми оваа седмица на големо пишувале дека лекарите се сомневале на внатрешно крварење и дека актерката се борела за својот живот.