Репрезентативците на Македонија, Елиф Елмас и Илија Несторовски покрај на настапите за своите екипи мора да мислат и на иднината на клупски план.

Елмас во дебитанската сезона во италијанската Серија А покажа со каков квалитет располага. Наполи веднаш реагираше со нов договор кој Македонецот на „Сан Паоло“ ќе го задржи најмалку до 2025 година. Елмас и „азурите“ сезонава го освоија трофејот во Купот на Италија и обезбеди место во фазата по групи во Лигата на Европа.

Напаѓачот Несторовски во Удинезе не се наигра и најверојатно соработката ќе заврши после оваа сезона. Како следни дестинации за Несторовски се споменуваат неколку екипи во главна од Серија Б.

До крајот на сезоната во Серија А остануваат уште седум рунди.

OhridNews