Kонечно признание и од УЕФА за талентот на Елиф Елмас. Македонецот е сместен помеѓу 50-те млади фудбалски ѕвезди на кои треба да се внимава во сезоната 2019/20.

Европската куќа на фудбалот секоја година прави листа од 50 перспективни фудбалери кои треба да блеснат во новата сезона, па по рекордниот трансфер во Наполи, и Елиф Елмас се најде во друштвото на најталентираниот играчи од стариот континент.

  • Настапи за репрезентацијата на Македонија со 17 години откако Турција се обиде да ги обезбеди неговите услуги, фудбалерот од средниот ред во јули направи трансфер во Наполи откако импресионираше во Фенербахче. – стои во краткиот опис на УЕФА за Елиф Елмас.

Ова сигурно ќе биде мотив повеќе за Елмас, кој во дресот на „азурите“ ќе треба да ја оправда довербата од УЕФА и искусниот стратег Карло Анчелоти кој инсистираше за трансфер.

OhridNews