
Годинешното пролетно чистење е продолжение акциите кои се спроведуваа во текот на изминатите години под мототото „Да го направиме Елшани најчистото село во Македонија“.
Еколошката акција ја организираат Здружението на граѓани за туристичко, културно и еколошко одржлив развој на руралните подрачја „Евла 2009“ со седиште во Елшани и Институтот за традиционални вредности од Охрид.












