Водици е еден од најголемите православни празници. Култот кон овој празник особено е голем во охридско. Во Елшани водите беа осветени уште пред зори, кога се фрли и чесниот крст.
Најумешен помеѓу десеттината момчиња беше 16-годишниот Даниел Ламбески.
Даниел Ламбески
За подвигот Даниел од црквата на подарок доби златно синџирче, а од Месната заедница – ЦД-плеер. Според обичаите тајфата на фаќачот ги посети сите домови во селото, а жителите го даруваа крстот со пари.