Во рамки на литургијата, по повод  Лазарева сабота и Цветници,  во црквата ” Свети Илија” во село Елшани, голем број верници  ја примија светата причест, за Велигденскиот пост.

 

Светата литургија,  на која присуствуваа голем број верници, чиноначалствуваше парохискиот свештеник,  отец Атанас Казанџиски, придружуван од парохискиот  црковен хор . По чинот на светата литургија беше прочитана беседата од г.г.Стефан за значењето на овој ден, за значењето на постот и на причесната пред најголемиот празник над празниците – Воскресението Господово. Исто така во рамки на литургијата беа осветени  погача, леб и неколку икони .


Вакви свети литургии во црквата ” Свети Илија” во Елшани, ќе се одржат и за време на Велигденските празници, на 4 и 5 април 2010 година.


 
Велигденскиот или Чесен пост е најголем и најдолг пост во православната вера. Овој пост годинава,  започна на 15 февруари и ќе трае до 4 април кога е најголемиот христијански празник Велигден. Православните христијански канони, постот го подразбираат како духовно и телесно прочистување, воздржување, молитва, покајување и како круна на се – света причест. Постот не значи само одрекување од храна. Според православното учење, тоа е и израз на слободната волја, етичкиот став и израз на вистинската љубов кон Бога.

OhridNews