Угостителите кои до Нова година нема да го платат надоместокот за поставување урбана опрема, следната година нема да можат да користат јавни површини за обавување на дејноста, најави градоначалникот Александар Петрески.

Тој посочи дека дел од нив по истекот на договорите со општината не ја подигнале опремата, туку  масите и столовите ги покриле со најлони, што претставува грда слика за градот.

-Не приморуваат да бидеме лоши и да ја одземеме таа опрема, а згора на тоа некој од нив ја немаат платено ниту закупнината, затоа ги повикувам угостителите да ги подмират долговите кон оптшината, во спротивно нема повеќе да им биде дозволено да поставуваат урбана опрема, рече Петрески.

OhridNews