Една минута по затворањето на гласачките места француските медиуми излегоа со проценка дека центристичкиот претседателски кандидат Емануел Макрон победува и дека во моментов освоил 65,1 отсто од гласовите, далеку поубедливо од очекувањата, jaвува „Макфакс“.
Конечните резултати се очекуваат во 22 часот, но приврзаниците и поддржувачите на Макрон веќе ја слават неговата победа.
Марин Ле Пен веќе излезе и го призна поразот. Французите избраа, гласаа за континуитет., рече таа, нарекувајќи го изборот историски иако лично таа изгуби со голем процент.
OhridNews