Вината за поразот (3-1) од Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Шампиони тренерот на Пари Сент Жермен, Унаи Емери ја побара кај судиите, односно кај главниот арбитар Џајнлука Роки.

„Светците“ добро го отворија натпреварот и после половина час игра поведоа со 1-0. Но, „кралевите“ со еден гол до крајот на првиот дел и со два во второто полувреме победија со 3-1 и стекнаа солидна предност за реваншот во Париз.

– Пеналот за изедначувачкиот погодок им даде крилја, инаку до тогаш имавме се под наша контрола. Деталите кој го решија победникот не отидоа во наш прилог, туку во нивни затоа Реал Мадрид победи. Пред вториот погодок имаше евидентен прекршок кој не го санкционираше Роки, а беше многу блиску. Да имаше изедначен судиски критериум Роки ќе имавме повеќе шанси, а можеби и ќе победевме. – изјави Емери и додаде околу шансите за пласман понатаму. – Без разлика на поразот ние одигравме добар меч во Мадрид и ќе се потрудиме да ја повториме играта и пред нашите гледачи во Париз. На реваншот ќе немаме многу опции околу резултатот, бидејќи ни треба победа и два или повеќе голови разлика.

Реваншот на „Паркот на принцовите“ се игра на 6 март во вторник.

OhridNews