Шпанскиот стручњак на клупата од Арсенал, Унаи Емери со пораз од Манчестер Сити (2-0) дебитираше во најсилното англиско фудбалско друштво. „Граѓаните“ до триумфот стигнаа благодарание на головите на Рахим Стерлинг односно Бернандо Силва, а „топчиите“ после повеќе од две децении го немаа Арсен Венгер покрај аут линијата.
- Фрустрирачки е што изгубивме во дербито, но и тоа е патоказ за напредок. Добро е што игравме на почеток со ваков противник и уште на стартот можеме да ги лоцираме слабостите во нашата игра и да ги поправивме. Во првиот дел Сити беше подобар, а негативата на полувремето нам ни даде задача да ја смениме играта. Ја кренавме едно ниво погоре, но очигледно дека не беше доволно, бидејќи изгубивме. Ќе мора да поработиме на самодовербата и агресијата при играње на пресинг. – изјави Емери.
Пеп Гвардиола, очекувано имаше пофалби за своите играчи, кои, продолжија каде што застанаа минатата сезона. – Без разлика на резултатот нема лесен натпревар на Емирати, а особено не кога се игра на стартот од сезоната. Моите играчи одиграа добро и покрај физичката неподготвеност поради настапите на Светското првенство.
Манчестер Сити во следната втората рунда го пречекува Хадерсфилд на домашен терен, а Арсенал гостува на Стемфорд Бриџ кај градскиот ривал Челси.
OhridNews