Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе отвори дисциплинска постапка за сопственикот на Пари Сент Жермен, Насер Ал-Келаифи и тренерот Унаи Емери поради јавните критики за судијата Џајнлука Роки за делењето на правдата на првиот меч од осминафиналето со Реал Мадрид кој заврши во корист на „кралевите“ 3-1.
Насер Ал-Келаифи беше погласен во критиките од тренерот Емери кој изјави дека „светците“ можеби ќе победеле ако на „Сантијаго Бернабеу“ имало фер и коректно судење.
УЕФА според правилата во ЛШ не дозволува јавно критикување на судиите кои ја делат правдата на мечите и затоа ќе отвори истрагаа и веројатно ќе ги казни парично сопственикот и тренерот на ПСЖ.
OhridNews