Францускиот шампион Пари Сент Жермен нема да го менува тренерот Унаи Емери и покрај дебаклот кој му се случи во осминафиналниот реванш во Барселона.
„Емери ја има поддршката. Треба да ги подигнеме главите и да ги освоиме трофеите кои можеме оваа сезона, за во наредната да бидеме уште подобри“, рекол претседателот Насер Ел Келафи, пренесува „Макфакс“.
На француските медиуми Ел Келафи им рекол дека одговорност за дебаклот во Барселона треба да понесат сите, од него кој е претседател, до челниците на спортскиот сектор.
„Светците“ до крајот на сезоната ќе се бори за трите трофеи во националниот шампионат, првенството, Купот и Лига Купот.
OhridNews