Зимскиот преоден рок кој е во тек во европските фудбал ќе помине мирно и без некои големи помпезности кога се работи за Арсенал. Менаџерот на „топчиите“ Унаи Емери отфрли купување на играч изјавувајќи дека екипата може да се засили само на позајмица.

  • Лимитирани сме и не можеме да доведеме нови играчи со пернаментен договор, туку само на позајмица. Во клубот работат и секојдневно добивам различни информации за наша моќ. Моментална ситуција е таа, а како ќе се одвива останува да видиме. – изјави Емери.

Арсенал интерес во зимскиот преоден рок покажува за фудбалерот на Барселона Денис Суарез, Евер Банега кој порано соработуваше со Емери и Јаник Караско кој од Атлетико Мадрид замина на печална на истокот.

OhridNews