Вечерва со почеток од 20 часот, љубителите на театарот од Охрид повторно ќе имаат можност да уживаат во прекрасната претстава „Емигранти“, работена по текст на Славомир Мрожек, а во режија на надежната Ирена Стеријовска.

Претставата е под продуценската капа на Горан Стојаноски, а улогите ќе ги толкуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана и Адријана Билаловиќ. Музиката која е пропратен дел од самата изведба е на Стрезо Стаматовски и Ѓоко Алоски, додека за сценографијата ќе се погрижи Владимир Ѓорески Рафик.

Костимограф е Кристина Мукоска Затуроска, инспициент Филип Ангеличин –  Жура, а дизајнот е на Номче Џулески. За сценската изведба одговорен е Борис Велјаноски, а за светлото Зоран Левески.

OhridNews