Охридскиот загубар „ЕМО“ според неревидираниот финансиски извештај за 2010 година објави нето загуба од 234 милиони денари, додека загубата во 2009 година изнесуваше 337 милиони денари. Оперативните приходи изнесуваат 1 милијарда денари, додека во 2009 година биле остварени 1,7 милијарди денари.

Неодамна компанијата која со години работи со загуба доби нов директор. Акционерите го разрешија директорот Коста Димитров, а за нов извршен член на Одборот на директори и генерален директор е избран Зоран Трајчевски.

Трајчевски беше предложен од страна на Владата, која како претставник на државата е најголем акционер во компанијата со 41,6 отсто од акциите со право на глас.

Предлогот за избор на Трајчевски беше поддржан и од државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија кој во „ЕМО“ поседува 22 отсто од акциите со право на глас.

OhridNews
извор: Makfaks