Охридски ЕМО деновиве од Владата ги добил преостанатите парични средства за подмирување на неизмирените обврски кон вработените.

Компанијата најави дека истите во наредниот период ќе бидат исплатени на вработените во ЕМО АД.

-Согласно ветувањето што го даде Владата на Република Македонија во врска со обезбедувањето на средства за подмирување на неизмирените обврски спрема вработените во ЕМО АД и капитално поврзаните друштва, а заради надминување на неповолната финансиска состојба, од страна на Владата на Република Македонија на ЕМО ОХРИД АД на ден 17.08.2012 година, му беа префрлени преостанатите парични средства и истите во наредниот период ќе бидат исплатени на вработените.-стои во соопштението на ЕМО Охрид.

OhridNews