Шпанецот Карлос Алкараз го освои Грен слем турнирот Аустралиан опен совладувајќи го во финалето српскиот тенисер Нивак Ѓоковиќ со 3:1 (2:6, 6:2,6:3 и 7:5).

Со 22 години Алкараз стана најмладиот тенисер во историјата кој ги освоил сите грен слем турнири. Новак Ѓоковиќ е најстариот финалист на еден грен слем турнир соборувајќи куп рекорди за историја.

Мечот одлично го почна Ѓокович. Доминираше во сите сегменти и со два брејка го освои првиот свет. Алкараз возврати со иста мера во вториот сет. Новак се мачеше и во третиот сет кој повторно му припадна на Алкараз. Во четвртиот сет се водеше голема битка, но на крај младоста триумфираше над искуството.

Г.М.