Деновиве од печат излезе книгата „Емоционално секојдневие“ од авторот Влатко Поповски-Владек.

Оваа несекојдневна книга се бави всушност со психологијата на луѓето и нивното (не)снаоѓање во како што вели Владек„овој период пропратен од неколку војни во изминативе 16 години кој ги чувствувавме како свои, бидејќи секогаш ни се случуваа во наша земја, во услови каде некогашните вредности повеќе не важат и во новонастанатата ситуација каде човекот се бори за гол опстанок, и во културолошка збрка помеѓу праминатото, дамнешното и скорото минато, сегашноста и иднината“.

Во книгата авторот најмногу се занимава со односот меѓу родителите и нивните деца и изнесува многу интересни ставови, размислувања и тези. Пишувајќи ја книгата тој секогаш се обидувал да се стави во ситуација на оној другиот за да може да ги разбере неговите постапки. Неговиот позитивен став кон животот провејува низ целата книга,а тоа може најдобро да се види уште од самиот почеток  на книгата каде авторот вели: „Јас сум тука за да се чувствувам добро. Сам со себе и заедно со тој до мене.“

Топло ви ја препорачуваме да ја прочитате книгата, посебно на сегашните и идните родители. Повеќе информации за книгата можете да најдете на:

http://emocionalnosekojdnevie.info

Јасминка Т. Момироска