Англиската Премиер лига доби сериозен кандидат за гол на сезоната, откако Емре Чан со ножички погоди на „Викариџ Роуд“ за минимален триумф на Ливерпул против Ватфорд (1-0).
Германскиот репрезентативец после мечот нескромно изјави дека победничкиот погодок на „црвените“ му е гол на кариерата.
– Никогаш немам постигнато ваков погодок. Ова е најдобар и најубав кој го имам дадено. Видов празен простор и втрчав, кога идаше топката помислив да ја удрам со глава, но за момент се предомислив и не погрешив очигледно. – изјави Емре Чан.
Со трите бодови Ливерпул се зацвстри на третата позиција на табелата и се поблиску е до пласман во Лигата на Шампиони.
Спектакуларен гол на Емре Чан за триумф на Ливерпул (видео)
OhridNews