Некогашниот тенисер број еден во светот, Енди Мареј ќе го пропушти грен слем во Австралија кој официјално означува почеток на новата тениска сезона. Причината за повлекувањето од Австрлија Опен е повредата на колкот која Британецот го мачи од Вимболдон минатата година.
– На моја жал годинава не ќе можам да настапам во Мелбурн. Не сум подготвен најдобро поради мојата повреда која долго време ме прогонува. Ќе одам дома да се одморам физички и психички, бидејќи трката со времето беше преголем напор за мене. Фала за поддршката и се гледаме на терените. – напиша Мареј во дел од своето обраќање поради повлекувањето.
Мареј кој има пет финалиња на Австралија Опен посакува да избегна оперативен зафат и да се врати што побргу во тренажен процес.
OhridNews