Претставата „Енергични луѓе” пред охридската публика во петок на 27 мај во НУЦК „Григор Прличев” со почеток во 20 часот, во мала сала.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Истата е по текст на рускиот автор Василиј Шукшин, а во режија Александар Ивановски. Во претставата играат Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска. Сценографија и графички дизајн е на Филип Коруновски, костимографијата на Невенка Тасева – Петровиќ, драматургија Кристина Тодороска Петреска и инспициент Филип Ангеличин – Жура.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
OhridNews












