Охридскиот театар на 19 мај со претставата „Енергични луѓе“ ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал „5ре“ во Велес.

Ова е второ издание на овај фестивал во коорганизација на градот Велес со здружение на почитувачи на ликот и делото на почитуваниот Петре Прличко, еден од основачите на повоениот театар во Македонија кој по потекло е од Велес, информираат од Народен театар Охрид.

Претставата започнува во 20.00 часот.

Детското драмско студио „ДрамаКидЗ“, пак, со претставата „Мали vs Голем“ на 17 мај гостува во Домот на култура „Драги Тозија“ Ресен.

Преставата ќе се одигра во два термини 10.30 и 12.00 часот и ќе биде организирана за децата од I-V одделение во градот Ресен.

OhridNews