Со победа на Вулверхемптон (2-1) и сензационална елиминација на Ливерпул започна 4-та рунда во најстарото клупско натпреварување во Англија, ФА Купот.


„Волците“ уште во првиот напад на мечот поведоа со 1-0 и најавија интересен меч. До крајот на првиот дел гостите постигнаа втор погодок за водство 2-0. Дури во финишот „црвените“ постигнаа погодок кој само го ублажи поразот.


За екипата на Ливерпул ова е трет пораз во серија на Енфилд после неуспесите со Свонси во Премиер лигата и со Саутемптон во Лига купот.

OhridNews