Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард против Кристал Палас го одигра последниот натпревар за „црвените“ на Енфилд. Џерард по завршување на сезоната ќе го напушти клубот и ќе се пресели во америчката МЛС лига.


Мечот со Кристал Палас, кој домаќините го загубија 3-1 помина во знакот на Џерард, кој на теренот излезе со трите керки и беше проздравен со громогласен аплауз од целиот стадион.


Во текот на целиот натпревар популарната трибина „Коп“ на Енфилд пееше за името и делото на Џерард, кој е жива легенда на клубот.


Едно е сигурно дека тимот од следната сезона нема да биде исти без еден од најдобрите играчи во клубот, кој остави неизбришлива трага во Ливерпул.


Резултати : Саутемптон – Астон Вила 6-1, Барнли – Стоук 0-0, КПР – Њукасл 2-1, Сандерленд – Лестер 0-0, Тотенхем – Хул 2-0, Вест Хем – Евертон 1-2, Ливерпул – Кристал Палас 1-2.

Мх.П.