Херој на „црвените“ во победата над Тотенхем 3-2 во дербито на колото е Марио Балотели, кој во 84-та минута го постигна победничкиот погодок.
Контроверзниот италијански напаѓач го „одбра“ вистинскиот момент да го постигне дебитанскиот погодок за Ливерпул во Премиер лигата и да донесе значаен триумф.
Претходно „црвените“ два пати имаа водство, лондонските „петли“ успеаваа да го анулираат, но после голот од Балотели гостите немаа следен одговор.
Резултати : Арсенал – Лестер 2-1, Хул – Астон Вила 2-0, Сандерленд – КПР 0-2, Ливерпул – Тотенхем 3-2.
Ohridnews