Стивен Џерард и Лос Анџелес Галакси нема да ја продолжат соработката и фудбалерот ќе стане слободен агент на трансфер пазарот по завршување на сезоната во МЛС лигата.


По објавувањето на оваа информација, навивачите на Ливерпул веднаш почнаа да бараат од клубот да го вратат својот миленик на Енфилд.

Но, желбата на навивачите далеку е од реализација, барем за сега. Тој со своите 36 години и големото искуство може многу да придонесе, но менаџерот Јирген Клоп се уште не се изјаснал за барањето на навивачите.

Добро информираните англиски медиуми даваат многу малку шанса за враќање на Џерард на Енфилд, а многу повеќе за преселба во некој клуб од островот.

Како негови две можни опции за продолжување на кариерата на популарниот „Стиви Џи“ се споменуваат Селтик и Њукасл.

OhridNews