Македонскиот репрезентативец Енис Барди со два голови од слободен удар беше најзаслужен за триумфот на Левантер (3-1) на гостувањето кај Атлетик Билбао во последниот меч од 34-та рунда во шпанската Ла лига.

Барди двата голови ги постигна во период од две минути. Изедначувачкиот погодок го постигна во 42-та, додека голот за водство (2-1) во 44-та минута. Во второто полувреме Леванте со уште еден погодок ја завери победата.

22-годишниот фудбалер падна во немилост кај тренерот на екипата и после четири месеци се најде во првиот состав и покажа дека вреди повеќе, отколку да ја грее клупата.

Со триумфот и трите бодови Леванте го потврди опстанок во елитата и само чудо може да ги однесе ранг подолу, бидејќи имаат девет бодови предност на четири рунди до крајот пред Депортиво.

OhridNews