Луис Енрике по крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона. Трофејниот стратег својата одлука ја соопшти на денешната прес конференција по убедливиот триумф на Барса со 6-1 над Спортинг.
– Пред почетокот на сезоната на состанокот со челниците на клубот ми беше даден доволен период за да одлучам околу мојата иднина, јас одлучув и сега сметам дека е вистинскиот момент да ја соопштам. Тренерската работа е премногу стресна и бара многу откажувања, во моментов не можам повеќе да се носам со тоа и ми треба пауза. Пред нас остануваат уште три месеци и ги уверувам навивачите дека ќе го дадам најдоброто од себе во периодот кој следува – рече Луис Енрике.
Барселона по денешната рунда во Шпанија е нов лидер со два бода предност пред Реал и натпревар повеќе. Каталонците се пласираа во финалето на Шпанскиот копа дел Реј, додека пак по убедливиот пораз од ПСЖ со 4-0 се на прагот од елиминација во ЛШ.
За Луис Енрика ова е трета сезони на клупата на Барселона, во првите две освои 8 трофеи. Два пати ја освои Примера, два пати Копа дел Реј, Супер куп на Шпанија, Лигата на шампиони, Европски Суперкуп како и Трофејот во светското клупско првенство.
ohridnews












