Counter-Strike тимот ENTiTY ќе учествува на Европското Првенство кое ќе се одржи во Варшава, Полска од 6ти до 9ти октомври. Овај турнир претставува подготовка за Светското во Јужна Кореја на крајот од годината, односно 9ти до 12ти декември.


– Последното учество на нашата екипа беше во Трикала, Грција во јуни месец каде што по освојувањето на турнирот си го зацврстивме приматот како најдобра екипа од Балканот. Натпреварите од групната фаза ќе се одржат четврток а ENTiTY игра три натпревари од 14 до 17 часот. Противници ќе ни бидат претставниците од Шведска, Франција и Бугарија – велат од тимот

Гејмерите изразија голема благодарност до Македонската е-спорт Федерација (месф.мк), охридската телевизија ТВМ и Општина Охрид за овозможување на патувањето и снабдување со потребна опрема.

Ohridnews