Пред 90 000 гледачи на англискиот стадион „Вембли“, Ентони Џошуа со нокаут во 11-та рунда го совлада Владими Кличко и ја освои титулата во тешка категорија.
Долго најавуваниот боксерски спектакл ги исполни очекувањата на сите сладокусци. Џошуа и Кличко си поделија по неколку добри удари, а помладиот собра сили и во претпоследната од планираните 12 рунди го реши својот ривал.
Импресивната серија на победи со нокаут продолжи на Џошуа, додека боксерските експери го испратија Кличко во пензија после поразот од својот помлад колега.
OhridNews