Енцо Зидан тргна по стапките на својот татко Зинедин во Реал Мадрид, откако постигна погодок во дебитанскиот настап за кралскиот клуб.


21-годишниот фудбалер беше прецизен еднаш во убедливиот триумф (6-1) на „лос бланкос“ против Леоноса во Копа дел Реј.

Покрај синот на прославениот тренер на Реал Мадрид во листата на стрелци се запишаа Маријано Меија три пати, Хамес Родригез и Цезар Мордаго. Почесниот гол за гостите го постигна Јерај Гонзалес.


„Кралевите“, со овој триумф го осигураа пласманот во понатамошната фаза, додека во другите двомечи се играат првите натпревари.

Резултати: Реал Мадрид – Леноса 6-1, Форментера – Севиља 1-5, Толедо – Виљареал 0-3, Кордоба – Малага 2-0, Гранада – Осасуна 1-0, Гуиеро – Атлетико Мадрид 0-6, Мурсија – Селта Виго 0-1, Херкулес – Барселона.

Ohridnews